Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

Се гасат печките во ФЕНИ?! – Гигантот прекинува производство, не може да ја издржи енергетската криза

Се гасат печките во ФЕНИ?! – Гигантот прекинува производство, не може да ја издржи енергетската криза

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи името ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството.

„Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата, а подоцна да одат во технолошки вишок“, вели извор за Курир.мк.

Ваквата ситуација со ЕуроНикел, до овој момент ја прави оваа компанија најголема која е жртва на енергетската криза.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни