Се конзервира првиот градски жртвеник во „Стибера“

Античкиот локалитет Стибера кај прилепско Чепигово за прв пат на јавноста ќе ѝ го претстави градскиот жртвеник. Од Прилепскиот музеј го конзервираат првиот жртвеник што им служел на жителите од пред 18-ина века. Направен од мермерни блокови, на 700 метри од центарот на Стибера покажува дека градот, огромен за тоа време со 20.000 жители, се простирал на двете страни од Црна Река.

Деловите на жртвеникот се откриени пред четири години, расфрлани. Дури два мермерни блока околните жители си ги користеле за селската чешма. За, среќа, велат археолозите, е на државно земјиште, во спротивно не ќе може да се конзервира. Тоа е и најголемиот проблем за туристичка промоција на овој голем локалитет.

Ова е прва конзервација на наоди во Стибера по пет години. Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Елизабета Митреска