Македонија

Се менува традицијата – Пендаровски нема да држи политички говор на 2-ри август

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски по 30 години ја менува традицијата.

Имено, тој нема да држи политички говор по повод празникот 2-ри август – Илинден.

На Мечкин Камен, во Крушево нема да има ни политички говори со цел да се избегнат исвиркувањата и случувањата кои се случувале во минатото.

Инаку, оваа година за прв пат манифестацијата ќе биде во 18 часот, со цел да можат сите да стигнат.

На настанот поканети се лидерите на сите политички партии, Мицкоски, Села, Гашев, Апасиев, Ахмети, а досега потврдил само Ахмети кој за првпат ќе биде во Крушево на Мечкин камен на 2. Август за одбележување на Илинден.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни