Македонија

Се менуваат министрите, но театарот и натаму нефункционален – дополнителни 60 милиони денари за завршување на Aлбанскиот театар

Министрите за култура доаѓаат и си одат, а Албанскиот театар во Скопје и натаму надвор од функција. Веќе 5 години работите се одложуваат. Елизабета Канчевска Милевска кога беше министерка за култура ветуваше дека работите ќе завршат за година и пол. Меѓутоа роковите беа одлагани неколку пати. Со смена на владата, нов министер за култура беше Роберт Алаѓозовски, по него дојде Асаф Адеми кој даде оставка, така што работите околу театарот останаа недовршени. Сега Кутура има нов министер, Хисни Исмајли. Тој вели дека проблем се финансиите, а за завршување на работите околу театарот побарал 60 милиони денари, дополнителни средства од Владата.

Во моментов вработените во театарот се на колективен годишен одмор. Актерите претставите ги спремаат и реализираат во Театар Комедија. Но таму се и актерите Македонци и Турци. Актерот Висар Етеми вели дека често се случува да имаат проблеми со термините.

Според Етеми, театарот се очекува да се отвори кон средината на август. Тој најави дека ќе подготват претстава за свеченото отворање. Според договорите од проектната документација за изминатите 5 години, реконструкцијата на стариот објект и адаптирањето на новиот достигна вредност од 9,1 милиони евра.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни