Се очекува да пристигнат двајца од седумте пациенти кои беа хоспитализирани во „Пирогов“ во Бугарија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека две лица од вкупно седум пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ се очекуваат да пристигнат од Бугарија.

„Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места“, изјави Филипче.

Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман.

„Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето“, додаде Филипче. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното