По шокантната вест дека Пике и Шакира се разведуваат, се огласи девојка која тврди дека била љубовница на фудбалер
Познатиот пар, пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, вчера потврдија дека се разведуваат откако поминаа 12 години заедно и добија два сина.
Како главна причина за раскинувањето се споменува неверството на фудбалерот, а странските медиуми објавија дека Шакира го фатила „на дело“ со многу помлада водителка.
Сега, во екот на скандалот, се огласи навивачката на Барселона, Сузи Кортез, која тврди дека Пике и испратил непристојни понуди, но таа досега молчела поради почит кон Шакира.
“Тој ми испрати интимна порака. Единствените играчи на Барса кои никогаш не ми испратија ништо беа Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова”, изјави таа за El Diario NY.
Сузи откри дека Пике својот број го добил од поранешната претседателка на Барселона, Сандра Росела.
-Го интересираше кога ќе се вратам во Европа од Бразил, секогаш ме прашуваше за мојот задник, го интересираше колку е голема, а исто така му пречеше што Меси добива толку големо внимание од мене – заклучила Сузи.
