Се огласи Мета, еве што е проблемот со Фејсбук, Инстаграм и Ватсап!

„Технички проблем“ влијае на корисниците на Фејсбук, Инстаграм и WhatsApp, соопшти Мета.

Во соопштението на платформата за социјални медиуми X, технолошката фирма напиша:

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации.

Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“.

Според Downdetector, кој им овозможува на луѓето да пријават проблеми со популарните апликации и веб-локации, покажува голем скок во извештаите за проблеми со Мета услугите набргу околу 18 часот.

Имаше 23.000 извештаи за Facebook во 18.04 часот, со скоро 18.000 извештаи за WhatsApp во 18:38 часот.