Специјалистичите тимови за спасување од урнатините при секторот на МВР за вонредни ситуации од Белград и Нови Сад, од раните утрински часови детално го пребараа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупна должина од околу 4,5 километри, во реонот на Бањско Поле од градот Бор и во таа пригода не се пронајдени никакви траги кои би укажувале на тоа дека тука се наоѓала двегодишната Данка Илиќ, објави МВР на Србија на својата страница на Инстаграм.
По повеќе од 70 часа темелна истрага на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивна оперативна работа на пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на девојчето.
Од моментот на пријавување на исчезнувањето, 26 март, во потрага по исчезнатото девојче учествуваа повеќе од стотина припадници на МВР кои детално и сеопфатно го прегледаа потесното и поширокото подрачје на ова место, со вкупна површина од околу 10 квадратни километри, пренесува Танјуг.
