Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денес се појави на снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“, и иако на почетокот се смееше, расположението брзо ѝ се промени откако новинарите ја замолија да коментира за настаните во Велес каде прегрна и бакна знаме на соседна држава.
„Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа… Мислам, чест на исклучоците, а има и такви што ги шират тие глупости“, рече Цеца.
