Северна Македонија ги отвори вратите за земјите од регионот. Од 12 октомври граѓаните од Косово, Србија, Црна Гора и БиХ,, ќе можат да влезат во нашата држава без ПЦР тест.
„Од 12 октомври граѓаните од земјите од регионот ќе можат да влезат во нашата земја, а на граничните премини нема да се бара негативен ПЦР тест. Ова следува по предлогот на Комисијата за заразни болести кои оцениле дека отворањето на границите нема да влијае врз епидемиолошката состојба со Ковид-19“, посочува репортерката на ТВ21.
Според Комисијата за заразни болести немало многу нови случаи со Ковид-19 кој биле увезени од регионот кај нас. Информацијата ја соопшти Премиерот, Зоран Заев, по завршувањето на седницата.
„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19“, истакна Зоран Заев.
Се очекува и Косово, Србија, Црна Гора и БиХ да донесат ваква одлука за непречено движење на граѓаните на РСМ во нивните држави. Вчера во емисијата Клик Плус, косовскиот зм/министер за здравство, Луан Гола, изјави дека и косовската Влада е подготвена да донесе ваква одлука.
.
