Последните информации од француските претставници на состаноците во Бриселс се дека сеуште Франција нема конечна одлука за давање на датум за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија, за самитот на 15 октомври . Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи , се надева дека ќе омекне ставот на Францускиот претседател Емануел Макрон , особено по безусловната препорака од германскот бундестаг.
„Пораката што беше испратена од Бундестагот ќе го одреди и тонот на одлуките на другите земји членки на ЕУ“, вели Османи за 360 степени.
Се наоѓаме на самата цел ,практично уште еден чекор не дели , многу чекваме , 14 години кандидат, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, тој се надева дека 16 октомври ќе го дочекаме мудри и радосни.
„Атмосферата е исклучително позитивна , ветер во грб ни даде одлуката на бундестагот и нова енергија, владее атмосфера дека мора да се успее. Влогот е кристално јасен и кај нас и кај Еу и на сите држави на балканот“, изјави Димитров.
Според него македонските граѓани, кои даваат широка поддршка на европската идеја, имаат големи очекувања од октоврискиот состанок на Европскиот совет. Позитивната одлука ќе биде јасна порака за нив, за регионот и за довербата во политиката на ЕУ кон Балканот.
И неговиот претходник , екс шефот на дипломатијата , сега пратеник Никола Поповски, во синоќешното издание на 10 минути на Тв 21 , рече дека се согласува со фактот дека ќе станеме земја членка и ќе добиеме датум за почеток на преговори.Процесот требаше да го поченеме уште пред 15 години вели Поповски . Според него ќе се сменат неколку влади додека земјава и официјално стане рамноправен дел од европското семејство.
„Нереално би било денес да се надеваме дека , дури и во едно добро сценарио , не би поминале десет години , до нашето членство во ЕУ. Прилично е наивно да правиме споредби со минатите проширувања, некоја земја преговарала 5, 6 или 7 години е целосно нерелевантно во целиот контекст , бидејќи има многу разочарувања од претодни проширувања , земјите имаат многу поголемо искуство“, вели Попоски.
Се очекува, на идната седница на Советот за општи работи кој ќе се одржи на 15 октомври, министрите на земјите членки да одлучат дали ќе ги започнат преговорите со земјата, а конечната одлука ќе треба да се донесе од лидерите на земјите членки на ЕУ, едногласно, на седницата на Советот на Европската Унија на 17 и 18 октомври.
