„Пријавени се штети и во државни институции. Така од дирекцијата за заштита и спасување информираат дека поплавени се гаражите на Владата, поплавени се ресторанот и подрумските простори, во Собранието. Регистрирана е поплава и во Министерството за здравство и во поранешното СЈО, како и во МВР“, објави Сител.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека кризниот штаб како и екипи на сите јавни претпријатија и противпожарната едницица на Скопје ќе работат до доцните ноќни часови додека не се отстранат штетите.
Невремето во Скопје предизвика големи материјални штети и поплави низ градот. Силниот град искрши и шофершајбни на возила во движење низ Скопје.