Свет

Се повеќе градови сакаат да ја ограничат брзината на 30 километри

По Париз, се повеќе и повеќе градови започнуваат да планираат воведување на ограничување на брзината на фвижење на автомобилите и тоа на 30 километри на час.

За ова заинтересиран е и францускиот град Лион. Таму се планира воведување на истата мерка, односно ограничувања на брзината, потврдил градоначалникот на овој град Грегори Дусет.

Лион со тоа ќе им се приклучи на Париз, како и на Лил кои веќе ја воведоа оваа мерка.

Ограничувањето од 50 километри на час ќе продолжи да важи, но само на некои булевари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни