Поврзи се

4NEWS.mk

Се празнува Пречиста: Мајките кои немаат деца се молат за нив, ова никако не смеете да го правите денес

Published

on

Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица во храмот, што народот го вика Света Пречиста или само Пречиста. Спаѓа во дванаесетте големи христијански празници. Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што немаат деца.
 
Евангелистите сведочат дека праведните Јоаким и Ана долго немале деца. Го молеле Бога да им даде рожба ветувајќи му дека ќе му ја посветат нему, односно ќе ја дадат да му служи во храмот.
 
Така им се родила Марија.
 
Светото предание натаму сведочи дека бидејќи Марија била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога, нејзините родители уште кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив, па се одлучиле тој чин да го направат кога таа ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот.
 
Во свечената поворка што три дена патувала од Назарет до Ерусалим најнапред оделе девојчиња променети во бела облека, со запалени свеќи во рацете, по нив Јоаким и Ана за рака ја воделе малата Марија, а по нив оделе многу роднини и пријатели. Со нив, невидливи за човечкото око, патувале и многу ангели. Малата Марија била облечена во свечена облека, со многу украси, како што и приличи на царска ќерка и божја невеста. Од Назарет до Ерусалим имало три дена пат, но овој пат, бидејќи се работело за патување иницирано со божји благослов, поворката со леснотија го изодела ова растојание.
 
Пред храмот свечената поворка ја пречекале свештеници на чело со првосвештеникот Захарие, пеејќи црковни песни. Храмот бил на поиздигнато место и во него се влегувало по 15 скали.
 
Родителите ја оставиле малата Марија на почетокот на скалите и таа самата, со сила и сигурност на многу поголема возраст, се искачила весело гледајќи во храмот и не свртувајќи се кон своите родители и кон народот што ја придружувал. Тамо ја пречекал првосвештеникот Захарие, (таткото на свети Јован Крстител), кој на општо изненадување на насобраниот народ, а по божја повелба, ја внесол во најсветото место во храмот, еден одделен олтар наречен “Свјатаја свјатих”, (или Светиња на светиите).
 
Во спомен на воведувањето на тригодишната Марија во храмот светата црква го востановила празникот Воведение што се празнува на 4 декември.
 
Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете.
 
Но овој празник и денес е актуелен со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од негативните пороци кои што денес ја уништуваат младината.
 
Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.
 
Денес не треба да се започнуваат важни бизниси, ни да се користат ножеви и ножици или други сечила.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com