Министерството за земјоделство подготвува Закон за задолжително осигурување во земјоделството. Предлозите за системско решение треба да се реализираат со формирање на Фонд за земјоделско осигурување со усогласени надлежности и постапки во случај на штети од неповолните климатски услови.
Парите треба да се собираат во Фондот, а обесштетувањето да се исплаќа од склучените полиси.
Поголемиот број на земјоделски осигуреници, според осигурителните компании, треба да ја поевтини и цената на полисите.
Во изминатиот период, штетите од временските непогоди на полињата во одреден процент беа исплаќани од државниот Буџет и тоа на земјоделците кои не го осигурале производството.
Според министерството предложениот нов систем треба да ги замени досегашните ад-хок решенија со формирање на комисии, проценка и обесштетување од страна на државата.
Лани биле склучени вкупно 3.800 договори за осигурување посеви и добиток со земјоделците, а само 370 со земјоделските компании.