После превртување на гумен чамец во Средозмното море, во близината на Либија, исчезнаа 117 мигранти, изјави началникот на меѓународна организација за миграција, Флавио ди Џакомо потпирајќи се на изјавите од три спасени мигранти.
Тој наведе дека хеликоптерот на италијанската морнарица успеала да дојде до местото и да спаси три мигранти, а на чамецот во моментот имало 120 лица.
Италијанската морнарица истакна дека од авион фрлиле елеци за спасување кога е виден чамецот кој тоне со дваесетина лица на него.