Тројца мигранти и шоферот на камионот се здобиле со телесни повреди по една сообраќајка во патот Демир Капија – Неготино.
Вчера околу 17.00 часот, кај место викано „Прждевски споменик“, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, но возилото не застанало и продолжило со движење, по што изгубило контрола и се превртело. Во возилото имало 34 мигранти, а тројца од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Се вели дека мигрантите се од Авганистан. Состојбата на повредените ја следи Црвениот крст.
Од МВР велат дека со тешки телесни повреди се здобил возачот на камионот од село Сопот, велешко.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.И.(24) од с.Сопот, велешко и тројца мигранти, додека останатите мигранти се здобиле со телесни повреди. На сите повредени им била укажана помош во околните болници. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино-велат од МВР.
И од организацијата Легија велат дека го следат случајот со повредените мигранти . Мигрантите кои се здобиле со полесни телесни повреди се испратени во мигрантскиот камп во Гевгелија.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ