Се пријавиле 39 кандидати, поништен стариот оглас за членови на антикорупциска

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе објави конкурс за избор на нов состав на Антикорупциска откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов ќе го потпише новиот закон за спречување корупција, за кој што вчераа гласаа пратениците од власта, но и оние од опозицијата.

Комисијата за избори и именување донесе одлука за укинување на конкурсот за избор на членови на Антикорупциската комисија, кој беше објавен на 18 октомври 2018 година.

Во оваа комисија ќе има по двајца претставници од власта и опозицијата, двајца од телата за соработка меѓу Владата, здруженијата и фондациите, како и еден член кој ќе биде предложен од Народниот правобранител.

Според предлог-законот, комисијата ќе има пристап до сите податоци на УЈП, МВР, Народна Банка како и сите банкарски сметки на функционерите. Ќе ги контролира исто така и сомнителните партиски вработувања. Комисијата, листата ќе ја достави до Собраниската комисија која треба да му предложи на Собранието избор на нови членови. Најдоцна до понеделник се очекува законот да биде објавен во Службен Весник и да продолжи постапката за избор на членови и претседател на Антикорупциската комисија.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21