Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го испрати на расправа во парламентот предлог-законот за продолжување на режимот на воена состојба во земјата. Информациите за содржината на предлог-законот се уште не се споделени.
Според информациите на веб-страницата на украинскиот парламент (Верховна Рада), регистриран е и ставен „Предлог-законот за одобрување на претседателскиот указ за продолжување на воената состојба во Украина“ испратен од претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Информациите за содржината на предлог-законот се уште не се споделени. Најавено е дека периодот на воена состојба што Зеленски го прогласи на 24 февруари поради рускиот напад врз неговата земја истекува на 25 април.
