Силното невреме проследено со дожд, град, грмотевици и ветар вчера направи хаос во Скопје.
Во налет на невремето настрада и покривната конструкција на Основното училиште „Димитар Миладинов“.
Хаосот во училишниот двор денеска се расчистува и веќе се санираат штетите.