Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол во ходник

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол во ходник

На 01.08.2026 во 13:05 часот  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда.

Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени  и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“ , куршуми и резервни делови.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни