Се снима вториот дел од популарната комедија „Близнаци”

По само 33 години откако во кината се појави комедијата „Близнаци“ со познатите Арнолд Шварценегер и Дени де Вито, конечно сега започна и снимањето на продолжението кое ќе носи назив „Тројка“.

Во продолжението ќе има и нов член – Афроамериканецот Трејси Морган, кој ќе го игра долго загубениот трет брат на Џулијан (Шварценегер) и Винсент (Де Вито), а режисерот на „Близнаци“, Ајван Рајтман повторно ја презема палката.

Снимањето треба да започне во месец јануари во Бостон, а оригиналната класика од 1988 година го следеше животот на ликот на Џулијан, физички „совршен“, но „социјално наивен“ човек кој го наоѓа својот одамна изгубен брат близнак.

Инаку, филмот „Близнаци“ е петтиот најпрофитабилен филм од 1988 година, а комедијата заработи 111,9 милиони долари во САД и 216,6 милиони долари низ целиот свет.

За „Тројка“ (Triplets), се зборува веќе неколку години, а првично, Еди Марфи требаше да биде „третиот брат“. Датумот на прикажување се уште не е одреден.