На 29.09.2023 во 13.13 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во с.Никуштак, кумановско, по претходна вербална расправија помеѓу А.З.(29) од Куманово, од една страна и С.К.(32) од с.Орланци, Арачиново и А.Д.(36) од с.Черкези, кумановско, од друга страна, С.К. се здобил со повреда од остар предмет.
Со лицата е извршен службен разговор во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.