Балкан

Се судрија воз и камион на преминот кај Шабац

На пругата меѓу Шабац и Лозница денеска околу 13 часот дошло до судир на воз и камион, кој не застанал правилно на патниот премин обезбеден со сигнализација, соопшти компанијата „Србија Карго“.

Во судирот нема повредени, но причинета е поголема материјална штета на локомотивата, се додава во соопштението.

На местото на настанот излегле екипи на МВР и мешовитата комисија „Железничка инфраструктура на Србија“ и „Србија Карго“ кои ќе ја утврдуваат причината за вонредниот настан.

Таа компанија испрати апел да се почитуваат сите прописи и сообраќајна сигнализација, бидејќи тоа е „единствениот начин да се спречат вакви несреќи и да се спасат човечки животи“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни