Еден рудар загина, а се трага по седум други откако беше поплавен рудникот за јаглен Хуафенг во провинцијата Шадунг во источна Кина.
Водата е испуштена од рудникот, но тој сè уште е блокиран поради големо количество тиња, соопштија властите, цитирајќи го Синхуа.
Спасувачите започнаа спасувачка операција која се очекува да трае неколку дена. Од 10-те вработени кои биле во рудникот кога бил поплавен, двајца успеале да излезат.