На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријави дека три лица- државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој. Според пријавителот, истиот ден кога отишол да ги земе за да ги превезе до работните места, видел дека тие си заминале без да ги известат одговорните во фирмата.
На 16.05.2026 во 11:50 часот во Полициското одделение Жеровјане, И.Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга во истото село, пријави дека од задругата се оддалечиле две лица- државјани на Бангладеш. К.А. и П.Д. биле вработени во задругата и имале регулиран престој, но истиот ден си заминале без да ги известат одговорните во задругата.