Балкан

Се урна авион во морето во Грција

Се урна авион во морето во Грција

Мал авион се урна во морето кај Крит. Две лица се водат за исчезнати.

Авионот тргнал од Копаида за Ханија, за да учествува на демонстрациите организирани од Аероклубот од Ханија за време на викендот.

Истрагата ја презеде Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, а во потрагата по исчезнатите се вклучени еден брод на крајбрежната стража, едно возило на крајбрежната стража, хеликоптер на морнарицата, два брода за крстарење и два рибарски брода.

Според информациите, властите се обидуваат да ги лоцираат двете лица кои се наоѓаат во леталото.

Дува силен ветер што ја отежнува потрагата, пишува грчкиот весник „Прототема“

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни