Трикатна зграда се урна во јорданската престолнина Аман, а луѓе се затрупани под урнатините, јави Ројтерс.
Јорданската цивилна одбрана почна да ги евакуира жителите на зградата.
На местото на настанот пристигнаа премиерот Бишер ал Хасауне, како и високи членови на владата.