Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Се запали магацински простор во Скопје – црн чад над главниот град

Се запали магацински простор во Скопје – црн чад над главниот град
Утрово скопјани се разбудија со црн чад над главниот град. Имено, околу 04:55 часот била добиена пријава за настанат пожар кај старата фабрика „Комуна“. Од скопската пожарна истакнаа дека станува збор за магацински простор во кој била запалена поголема количина на пластичен отпаден материјал. Според командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари, а пожарот за брзо е ставен под контрола. На терен е дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни