Бојлер се запалил синоќа во една од бараките на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, соопшти студентската платформа „Студентарија“ по дојави од повеќе студенти.
Според објавените информации, неколку минути по полноќ се активирале противпожарните сензори и студентите биле евакуирани од објектот. Пожарот бил изгаснат благодарение на брзата реакција на еден од студентите.
Од платформата наведуваат дека сите студенти се безбедни.