Десетици луѓе се удавија откако рибарски брод со мигранти се преврте кај грчкиот брег. Околу стотици луѓе се спасени, но многумина се уште се водат како исчезнати додека продолжува големата операција за пребарување и спасување. Бројот на загинати во превртениот рибарски брод со мигранти се искачи на 78, соопшти грчката крајбрежна стража.
Соопштено е дека чамецот превезувал околу 400 луѓе од околината на либиското пристаниште Тобрук во Италија. Се преврте во текот на ноќта поради силниот ветер југозападно од Пелопонез.
Најмалку 78 лица загинаа, а досега е потврдено дека 104 лица се спасени и пренесени во грчкиот град Каламата, каде им била укажана помош во форма на облека и однесени во засолништа. Четири лица се хоспитализирани со симптоми на хипотермија.
Во потрагата учествуваат шест бродови на крајбрежната стража, воен транспортен авион, хеликоптер и неколку приватни чамци, како и дрон на агенцијата за заштита на границите на Европската унија Фронтекс, пишува Дојче веле.
Меѓународната организација за миграција соопшти дека во оваа несреќа најверојатно загинале повеќе луѓе, но дека се уште не е познат точниот број.
Властите соопштија дека бродот првпат бил забележан во меѓународните води рано во вторникот вечерта од авион на граничната агенција на ЕУ Фронтекс и два блиски брода.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека луѓето во бродот, од кои никој не носел елеци за спасување и веднаш не ја откриле својата националност, првично „одбиле каква било помош“.
Грција е една од главните постојки за бегалците и мигрантите од Блискиот Исток, Азија и Африка.
Годинава околу 72.000 бегалци и мигранти пристигнаа во Италија, Шпанија, Грција, Малта и Кипар. Според податоците на Обединетите нации, најмногу мигранти се населиле во Италија.