Бројот на загинати во ракетниот напад на руските сили врз туристичкото село Сергеевка во областа Одеса достигна 20 лица, објави украинската новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на публикација во Телеграма на украинската служба за итни случаи.
„Во 13 часот и 30 минути (по локално време) како резултат на ракетен напад во Сергеевка, регионот Одеса, загинаа 20 лица (16 лица – во станбена зграда и 4 лица – во рекреативен центар, од кои 1 дете) а 38 се повредени лица (37 лица – во станбена зграда, од кои 6 деца и 1 лице – во рекреативен центар)“, се вели во соопштението на службата.
Според украинската служба за итни случаи, 38 од жртвите досега се хоспитализирани. Осум лица беа спасени, меѓу кои и три деца. На лице место продолжуваат и спасувачките работи за психолозите од службата кои започнаа со работа. Службата за безбедност на Украина започна истрага на местото на ракетниот напад.
Германија го осуди ракетниот напад и рече дека е време рускиот народ да ја прифати вистината за „суровите“ акции на нејзината влада, пренесе АФП. „Бруталниот начин на кој рускиот агресор се однесува кон смртта на цивили и повторно зборува за колатерална штета е нехуман и циничен“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт. „Рускиот народ мора конечно да ја прифати оваа вистина“, додаде тој.
