Македонија

Сеад Кочан уапсен и однесен во затвор

Вечерва по судска наредба е уапсен бизнисменот Сеад Кочан, и однесен во затворот во Идризово поради отслужување на казната затвор за случајот „Труст“.

Тој е осуден на 4,5 години затвор, а вчера не се јави на отслужување на казната, по што затворот го извести Судот, а потоа и полицијата за спроведување во затворот.

Кочан бараше одложување на затворската казна поради здравствени проблеми, но Судот ги одби неговите барања.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни