Свет

Седум бебиња загинаа во пожар во Њу Делхи: Сопственикот на болницата побегнал од земјата

Седум бебиња загинаа во пожар во Њу Делхи: Сопственикот на болницата побегнал од земјата

Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.

Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата, а пренесува Тајмс оф Индија.

Пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек. Надлежните најавија дека секој што ќе биде одговорен ќе биде најстрого казнет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни