Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Свет

Седум лица приведени во Истанбул во операција против „Исламска држава“

Седум лица приведени во Истанбул во операција против „Исламска држава“

Седум лица се приведени утрово во Истанбул за време на операција против џихадистичката група „Исламска држава“ , јави турската новинска агенција Анка.

Беа спроведени акции на 12 адреси во седум области на метрополата.

Според соопштението на Управата на полицијата во Истанбул, силите за борба против тероризмот презеле акција против осомничени лица за кои е откриено дека вршеле активности за групата со тоа што биле во контакт со конфликтни зони и претставуваат закана за Турција.

Акциите на полицијата беа извршени истовремено утрово. Против седуммината приведени се води истрага.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни