Свет

Седум загинати и десетици повредени во израелски воздушен напад врз либанскиот град Тир

Седум загинати и десетици повредени во израелски воздушен напад врз либанскиот град Тир

Либанското министерство за здравство денеска соопшти дека најмалку седум лица загинаа, а 46 се повредени во израелски воздушен напад врз либанскиот крајбрежен град Тир.

Министерството соопшти дека меѓу загинатите има и две деца, пренесува Ројтерс.

Спасувачките екипи се уште ги пронаоѓаат повредените во урнатините создадени по нападот што се случи во петокот вечерта, соопшти Министерството.

Израел синоќа изврши 14 воздушни напади на периферијата на Бејрут, а според Тајмс оф Израел во текот на ноќта биле бомбардирани цели и во Сирија.

Израелската армија денеска соопшти дека соборила беспилотно летало лансирано кон Израел од Ирак.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни