Балкан

Седум земјотреси во Србија за помалку од 24 часа: Се тресеше тлото во цела земја!

Седум земјотреси во Србија за помалку од 24 часа: Се тресеше тлото во цела земја!

Уште еден земјотрес ја погоди Србија денеска околу 12:39 часот. Овој пат тоа се случи во Љубовија и беше со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.

Ова е седми земјотрес за краток временски период, бидејќи рано утринава и во текот на ноќта ги погоди Нови Пазар, Крагуевац и Куршумлија.

Помали земјотреси имало и во Крагуевац, Нови Пазар и Куршумлија

Во Нови Пазар јачината на земјотресот беше 2,9 степени според Рихтеровата скала, во Крагуевац 2,1, а најслабиот земјотрес е почувствуван во Куршумлија со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала.

Силен земјотрес од 3,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди околината на Врњачка Бања, а беше почувствуван во Краљево, Крагуево, Белград, Крушевац…

Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри, 26 километри југоисточно од Краљево и 16 километри југозападно од Трстеник.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни