Во четвртокот, на 10 март, во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб се урна беспилотно летало, за кое се уште не се знае на која земја и припаѓа, но се знае дека пристигнал од територијата на Украина.
Инструменти од Сеизмолошката служба го забележале падот во 23 часот и 10 минути. Падот го регистрирале шест станици во траење од 120 секунди, велат тие.
„Сеизмичките бранови предизвикани од падот во областа Јарун се јасно видливи“, се вели во извештајот.