Македонија

Села доби поддршка за формирање ново парламентарно мнозинство

Денеска во седиштето на Алијансата за Албанците во Тетово се состана Централното претседателство и, како што информираат од партијата, претседателот Зиадин Села, ги информирал членовите на претседателството за деталите од последните состаноци кои се одржуваат во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство.

-Централното претседателство едногласно ги назначи претседателот и потесното претседателство како одговорни за да ги продолжат преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии коишто покажале спремност да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, коешто мнозинство понатаму ќе го избере и новиот состав на Владата, соопштија од Алијанса за Албанците, од каде додаваат дека деталите од овие состаноци ќе бидат објавени во наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни