Македонија

Селата од Сарај имаат проблем со водата, Беџети бара решавање на проблемите, а не создавање на нови

Иако е оддалечено само 8 километри од село Рашче, каде се наоѓа изворот од каде цело Скопје  се снабдува со вода, жителите од село Буковиќ, немаат вода. Велат дека неколку години наназад, секое лето имаат ист проблем.

За недостигот на водата во с. Буковиќ е известен и првиот човек на општина Сарај, Блерим Беџети. Тој вели дека општината работи колку што има можност и бара од властите да не создаваат нови проблеми и да не ја дефокусираат јавноста за да не ги исполнат нивните ветувања.

Од Град Скопје за ТВ21 велат дека барањето за отстранување на платформите е резултат на многуте барања на граѓаните. Шилегов прашањето на платформите не го смета како политички притисок или дефокусирање на јавноста, туку барање за преовладување на правдата.

На крајот, Беџети ни рече дека Буковиќ не е единственото населено место кое има проблеми со водата и побара решавањето на овој проблем да биде приоритет.

За ова проблематика, ТВ21 известуваше пред една недела. Жителите на ова село велат дека единственото решение за да се снабдат со вода се природните извори кои се наоѓаат далеку од селото.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни