Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на сериозен инцидент пријавен во Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што, според информациите од МВР, се случил сексуален напад врз осуденик.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 30 јуни, во 11:32 часот, од Клиничката болница во Штип било пријавено во СВР Штип дека кај нив е донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко, кој бил транспортиран од затворот.
Според пријавата, 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз 39-годишниот затвореник додека двајцата престојувале во установата.
За настанот веднаш бил известен јавен обвинител, а полицијата работи на целосно документирање на случајот. По завршувањето на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.