Променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. T=14°C. P=977hPa. U=40%. V=3m/s.
Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
