Лажните извештаи на јапонските медиуми се апсурдни и не заслужуваат коментар или толкување, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги отфрли тврдењата дека Северна Кореја и доставува муниција на Русија и ги опиша како „неосновани“, објави Ројтерс, повикувајќи се на информации од севернокорејската новинска агенција KCTA денеска.
Претходно, јапонските медиуми објавија дека минатиот месец Северна Кореја и доставила муниција, вклучително и артилериски гранати, во Русија со воз. Белата куќа вчера соопшти дека Северна Кореја испорачала оружје на руската приватна воена компанија Вагнер.
„Лажните извештаи на јапонските медиуми дека Северна Кореја и доставува муниција на Русија се апсурдни и не заслужуваат коментар или толкување“, се вели во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи, цитирано од KCTA.
Тврдењата дека Северна Кореја испорачувала оружје ги отфрли и шефот на воената компанија Евгениј Пригожин.
„Сите знаат дека Северна Кореја долго време не испорачува оружје на Русија“, рече Пригожин.