Свет

Северна Кореја испрати балони полни со измет во Јужна Кореја

Северна Кореја испрати балони полни со измет во Јужна Кореја

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја.

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две погранични провинции на југот, што ги натера властите да ги предупредат жителите да останат внатре и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив, бидејќи содржат „валкан отпад и ѓубре“. пишува Би-Би-Си.

Северна и Јужна Кореја користат балони во нивните пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја соопшти дека ќе возврати на „честото ширење летоци и друго ѓубре“ во пограничните области од активисти на југот.

„Купишта отпадна хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ граничните области и во внатрешноста на Јужна Кореја…“, рече заменик-министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил, во изјава за државните медиуми во неделата.

Јужнокорејската новинска агенција објави дека „некои од паднатите балони изгледаат како да носат измет, судејќи според нивната темна боја и мирис“.

Војската на Јужна Кореја го осуди чинот како „флагрантно кршење на меѓународното право“.

„Ова сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува поради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да престане со оваа нехумана и груба акција“, соопшти војската.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни