Шахпаска: Градинките се подготвени за започнување со работа

Новата министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска во интервју за ТВ21 посочи дека градинките се подготвени за започнување со работа.

Се вчитува...

„Градинките се подготвени за започнување на работа од 9 септември, односно во среда што значи за три дена стартуваат со работа. Во петокот имавме имавме средба со директорите на сите јавни установи за сместување на деца и ран детски развој, значи градинки и констатацијата е дека се испочитувани сите препораки согласно протоколот коишто владата го усвои на 29 мај за отпочнување на работа на градинките“, посочува Шахпаска.

Министерката посочува дека протоколот ги предвидува сите мерки којшто го смалуваат ризикот за децата да бидат заразени со коронавирусот, односно дека се преземаат сите превентивни мерки за нивното здравје да се зачува и да не се доведат во опасност.

.

Извор: ТВ21