Свет

Шангај воведе карантин поради зголемувањето на бројот на лице заболени од Ковид-19

Шангај воведе карантин поради зголемувањето на бројот на лице заболени од Ковид-19

Поради зголемувањето на случаите на КОВИД-19 од варијантата Омикрон во Шангај, најголемиот град во Кина, одлучено е да се примени 5-дневен карантин во два дела.

Според изјавата дадена од Центарот за превенција и контрола на болести, карантин во источните и јужните делови на реката Хуангпу од 28 март до 1 април, во регионот вклучувајќи го трговскиот и финансискиот центар на градот, Пудонг и неговата околина, а во западниот дел на 1-5 април ќе се применува.

Власитет ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат домовите во карантинските области, додека пак за храна и секојдневни потреби ќе биде дозволено купување преку Интернет, под услов пратките да се испорачуваат без контакт.

Привремено ќе бидат стопирани сите автобуски, метро, ​​траект и такси услуги во карантинските области во градот.

Во последните недели, многу населби во градот беа делумно ставени во карантин. Дизниленд во градот ги затвори вратите за посетителите, а фабриката Тесла привремено го прекина производството.

Огромен пораст на случаите кои не покажуваат знаци на болест
Забележливо е дека во градот во последните денови е зголемен бројот на лица кои се позитивни на КОВИД-19, иако не покажале знаци на болест. Кинеските здравствени власти не ги вклучуваат ваквите случаи во генералниот вкупен број, туку ги класифицираат одделно.

Во Шангај, чие население надминува 26 милиони, во последните 24 часа се откриени 50 потврдени случаи, а регистрирани се 3 илјади 450 случаи кои не покажале никакви знаци на болеста. Набљудувачите коментираат дека ова е резултат на брзото ширење на варијантата Омикрон во градот.

Според соопштението на Националната здравствена комисија, во последните 24 часа во Кина се откриени 1275 случаи на КОВИД-19, од кои 1219 се домашно потекло. Дополнително, откриени се 4 илјади 996 случаи кои не покажале никакви знаци на болеста, иако тестот за Ковид-19 бил позитивен.
Чилин, на северот на земјата, каде што се забележани 1086 случаи од домашно потекло, стана „држава со најголем број локални случаи“. Во државата се идентификувани и 907 асимптоматски случаи.

Никој не починал во Кина, каде во последните 24 часа се регистрирани 56 случаи од странско потекло.

Во копното на Кина, каде што се појавија првите случаи во епидемијата на КОВИД-19, досега се откриени 144 илјади 515 случаи, а починале 4 илјади 638 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни