Шефот на британската дипломатија пристигна во посета на Косово

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пристигна во посета на Косово, објави весникот „Коха диторе“.

Тој синоќа беше пречекан од неговата косовска колешка Доника Гарвала-Шварц.

Во моментов двајцата одржуваат средба, по што се очекува да дадат изјава за медиумите.

За време на посетата на Косово, Камерон ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи, и со премиерот на земјата, Албин Курти.

Камерон беше премиер на Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година, а од ноември 2023 година беше министер за надворешни работи .