Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е во Украина на разговори со високи владини претставници за обезбедување на безбедноста и сигурноста на нуклеарните локации во земјата.
Рафаел Маријано Гроси треба да понуди итна техничка помош – вклучително и испраќање експерти на клучни места – во обид да се избегне ризикот од каква било несреќа.
„Воениот конфликт ги става во опасност без преседан украинските нуклеарни централи и другите објекти со радиоактивен материјал“, рече Гроси.
„Мораме да преземеме итна акција за да се осигураме дека тие можат да продолжат да работат безбедно, и сигурно да го намалат ризикот од нуклеарна несреќа.
Имаше стравувања за безбедноста на украинските нуклеарни постројки за време на конфликтот. На почетокот на март избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје по руското гранатирање во близина на објектот.
И на централата во Чернобил беа исклучени далноводите, при што украинските сили ги обвинија руските војници кои ја зазедоа централата.