Свет

Шефот на ОН го осуди нападот на Израел врз училиште во Газа како нов „застрашувачки пример“

Шефот на ОН го осуди нападот на Израел врз училиште во Газа како нов „застрашувачки пример“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди смртоносниот израелски напад врз училиштето на Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА) во Газа, нарекувајќи го „уште еден застрашувачки пример за цената што ја плаќаат цивилите“, рече неговиот портпарол.

„Тоа е уште еден застрашувачки пример за цената што ја плаќаат цивилите, палестинските мажи, жени и деца кои само се обидуваат да преживеат, принудени да се движат низ Газа во еден вид круг на смртта во обид да добијат засолниште“, портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дизарик.

Тој посочи дека „за се што се случува во Газа“ треба да се одговара.

Најмалку 37 лица загинаа во денешниот израелски напад врз училиштето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во Газа. Израелската војска соопшти дека цел на нападот била „база на Хамас“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни