Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски беше во посета на Полкот за специјални операции. Сите припадници на Армијата на Република Македонија добија нови чизми. Во касарната „Илинден“ пристигна целосната пратка од 7.200 чифта.
Министерката најави дека до април очекува да пристигне и новата униформа за сите макдоски војници, односно 14.000 парчиња, по две за секого. Таа во изјава за медиумите најави околу 11 милиони евра за модернизација на специјалните сили на Армијата.
„Армијата е еден од нашите најголеми аргументи за заслуженото членство во НАТО. Во изминатите две години со трендот на зголемување на средствата за во Армијата, Владата покажа дека знае да ја цени АРМ. Чизмите и униформите беа рак рана. Со комплетирање на основните работи, сега можеме да се насочиме кон модернизација на АРМ“, рече Шееринска.
